Дома Фудбал Останато Познатиот шпански новинар убеден: Мурињо ќе се врати во Реал – открива и кој ќе му биде помошник!?

Познатиот шпански новинар убеден: Мурињо ќе се врати во Реал – открива и кој ќе му биде помошник!?

Навистина зборови во кои тешко е да се поверува.

Позицијата на Јулиен Лопетеги во Реал Мадрид е навистина лоша, а во медиумите веќе на големо се пишува за неговиот отказ.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Со клупата на Реал Мадрид се поврзуваа неколку имиња, тренерот на младинците на Реал и поранешен играч, Солари, денес Французите го најавија и Венгер, претходно Конте беше фаворит, а се споменуваше и името на Жозе Мурињо.

Шпанскиот медиуми „Диарио“, поточно новинарот на овој медиум, Едуардо Инда, тврди дека Жозе Мурињо прави се за да добие отказ во Манчестер Јунајтед.

„Мурињо повторно ќе биде тренер на Реал, без разлика дали тоа на некои ќе им се допадне или не. Тој прави се за да добие отказ во Манчестер Јунајтед, прашање е на време е само кога“, тврди уредниот Инда кој додава и дека асистент на Мурињо во Мадрид ќе му биде Чаби Алонсо.

Навистина изјава во која тешко може да се поверува, а дали има вистина останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зошто на Светското клупско првенство не играат: Ливерпул, Барселона, Наполи, Арсенал, Милан…?

Многумина во Европа, збуни кои тимови ќе учествуваат на историското Светско првенство за к…