Познатиот австралиски тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос во јавноста важи за контроверзен и често пати привлекува внимание со своите изјави и коментари.
Во минатото многу го критикуваше Новак Ѓоковиќ, но во времето на коронавирусот двајцата имаа исти размислувања, па прераснаа во добри пријатели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Кирјос го привлече вниманието со потег надвор од тениските терени, објавувајќи дека направи профил на сајтот кој важи за „плус 18“ „Онли Фенс“.
„Едноставно стана лудо и интересно. Придружете ми се на Онли Фенс. Бесплатно е, ќе има случувања зад сцената, теренот, секојдневнието. Се гледаме таму…“, објави Кирјос.
На оваа социјална мрежа најголем дел од корисниците објавуваат експплицитна содржина засега Кирјос не прецизираше дали ќе оди во таа насока.