На Гранит Џака му беше одземена капитенската лента во Арсенал поради непочитување кон навивачите и клубот за време на мечот против Кристал Палас.
Џака нема настап за клубот од тој инцидент, по што англиските медиуми шпекулираат дека тој веќе го одиграл последниот меч за клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот Унаи Емери одби да одговори дали Џака ќе заигра повторно во дресот на „топчиите“, но на Островот тврдат дека неговата судбина е веќе позната.
Џака сигурно ќе го напушти „Емирати“ уште во јануари,а веќе пристигнала и првата понуда и тоа од Њукасл.
Проблем за Њукасл е неговата плата од 130.000 фунти неделно, но и интересот на неколку големи клубови ширум Европа.
Џака сигурно заминува од Арсенал, останува да видиме дали ќе замине и од Премиер лигата.