Дома Фудбал Италија Поделби во соблекувалната, мнозинството играчи не го сака Алегри

Поделби во соблекувалната, мнозинството играчи не го сака Алегри

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели вчера изјави дека Масимилијано Алегри нема да добие отказ и покрај очајниот старт на сезоната.

Меѓутоа лошите резултати доведоа до лоша атмосфера во соблекувалната на Јувентус.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ла Република“, објави дека ситуацијата во соблекувалната на Јувентус воопшто не е добра, и дека играчите биле поделени кога е во прашање тренерот Масимилијано Алегри. Некои играчи го поддржуваат и му остануваат лојални, но мнозинството играчи не се задоволни од тренерот.

Мануел Локатели и Вестон Мекени го покажале своето незадоволство, но и Анхел Ди Марија и Леандро Паредес исто така не биле задоволни од тоа како Алегри го води тимот.

Новите засилувања Филип Костиќ и Бремер исто така не се задоволни, а Влаховиќ пак смета дека Алегри не може да го искористи неговиот полн потенцијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Веќе се познава костурот во Лигата на шампионите: Кој со кој не може да се сретне до полуфиналето и финалето во ЛШ?

Зад нас е шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по кое потенцијално можем…