Дома Фудбал Репрезентации Погледнете ја формацијата со која игра Аргентина: Ова се гледа само во школските дворови…

Погледнете ја формацијата со која игра Аргентина: Ова се гледа само во школските дворови…

0

Репрезентацијата на Аргентина синоќа уште еднаш ги разочара своите навивачи.

Аргентинците во рамките на 2. коло на Копа Америга одиграа само 1:1 против Парагвај што е разочарувачки со оглед на тоа дека во првото коло загубија од Колумбија и сега се наоѓаат во тешка ситуација.

Гаучосите веќе неколку години не личат на онаа селекија која своевремено освојуваше бројни трофеи, а посебни големи проблеми, што се однесува на играта, имаат во последната година.

На СП во Русија, Аргентина беше репрезентацијата која најмногу разочара, а со истата игра продолжува и во Бразил на Копа Америка.

Најдобар доказ колку лоша тактика поставува новиот селектор Лионел Скалони покажува една од фотографиите “фатени“ во текот на натпреварот.

Аргентинците се наредени во една чудна формација која воопшто нема среден ред, па се поставува едно прашање. Или е тоа некоја револуција од страна на Скалони или е уште еден доказ дека е слаб тренер?

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус ги подели броевите, ја чува „деветката“ за…

Италијанскиот шампион Јувентус денес го објави списокот на играчи кои ќе патуваат на азиск…