Дома Фудбал Останато Погба со новата изјава ги загрижи навивачите на Манчестер Јунајтед

Погба со новата изјава ги загрижи навивачите на Манчестер Јунајтед

Со златото од Мундијалот во Русија, Погба е главна ѕвезда во Јунајтед, а повторно изјави дека не е сигурен дали ќе остане во Манчестер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Во моментов сум во Манчестер Јунајтед. Имам договор, во моментов играм за тој клуб, но кој знае што ќе се случи во блиската иднина“, изјави Погба за „Sky“.

Мурињо и оваа и минатата сезона во повеќе наврати го критикуваше Погба, кој неодамна изјави дека се плаши од тоа дека клубот ќе го казни доколку изјави што навистина мисли, по прашањето дали е среќен и дали добро се чувствува во Манчестер. Погба беше запрашан за односот со Мурињо, 25-годишниот француски фудбалер одговори:

„Нашиот однос е играч-тренер, и тоа е се. Во една работа може да бидете сигурни, а тоа е дека секогаш ќе давам 100%, без оглед кој е тренер, секогаш давам се од себе“, изјави Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крај на сите дилеми: Се огласи и фудбалерот поради кој беше поништен голот на Хрватска!

Откако заврши натпреварот меѓу Хрватска и Португалија, најголемото прашање беше – да…