Дома Фудбал Англија Погба сепак останува во Манчестер Јунајтед?

Погба сепак останува во Манчестер Јунајтед?

0

Манчестер Јунајтед денеска ги претстави новите дресови за следната сезона.

Во изминатата сезона во Јунајтед беше бурно, а навивачите ќе се обидат што поскоро да ја заборават.

Во летниот преоден рок англискиот тим се спрема за големи промени во играчкиот кадар и сите се надеваат на подобри денови.

Многу прашања се поврзани околу евентуалното заминување на Пол Погба, кој имаше сезона под очекувањата. Французинот е големо разочарување, а се шпекулира дека е мета на Барселона и Јувентус.

Од Јунајтед се уште немаат одговор, но интересно е што денеска на промоцијата на новите дресови како модел се појави токму Погба.

Дали тоа значи дека и наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Црвените ѓаволи, останува да видиме.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато колку ќе заработува Мурињо – двојно повеќе од Покетино!

Утрово како бомба одекна од Лондон веста дека Жозе Мурињо е нов тренер на Тотенхем. Маурис…