Дома Фудбал Италија Погба може да го пропушти Светското првенство

Погба може да го пропушти Светското првенство

Пол Погба може да го пропушти Светското првенство во Катар годинава, пренесува „Газета дело спорт“.

Французинот летово се врати во Торино и пред само неколку недели почна да тренира со тимот, но заработи повреда на латералниот менискус. Првичните прогнози беа многу пооптимистички и се веруваше дека со конзервативен третман ќе може да закрепне за неколку недели.

Сепак, дополнителните испитувања покажаа дека повредата е посериозна и допрва ќе се направат голем број консултации со специјалисти, по што ќе биде донесена конечна одлука, но речиси сигурно е дека ќе се изврши хируршка интервенција. Се очекува тој да биде опериран во Лос Анџелес, каде ќе се одбива и дел од рехабилитацијата.

Тоа значи дека Погба ќе закрепнува минимум помеѓу 40 и 60 дена, по што доколку се биде во ред, ќе мора постепено да се враќа на тренинзите.

Лошите прогнози се дека Погба ќе отсуствува од терените 3 до 4 месеци и може да го пропушти Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо застана зад Винисиус: На негово место одамна ќе заминев од Реал

Жозе Мурињо остро реагираше по суспензијата на Винисиус Жуниор и порача дека на негово мес…