Дома Фудбал Италија Погба застана во одбрана на Донарума: Заслужува респект, наскоро ќе биде најдобар!

Погба застана во одбрана на Донарума: Заслужува респект, наскоро ќе биде најдобар!

„Случајот Донарума“ е главна тема на Апенините, но и во цела Европа. Младиот голман го навлече гневот на навивачите, но и на неутралните љубители на фудбалот откако одби да го продолжи договорот со Милан.

„Росонерите“ му понудија 5 милиони евра по сезона на 18-годишниот голман, но неговиот агент Мино Раиола ја одби понудата, па Донарума веднаш беше прогласен за „платеник“ и „предавник“.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Синоќа во Посла додека настапуваше со репрезентацијата навивачите од трибините го гаѓаа со лажни долари, па тоа стана вирално во медиумите.

Поради тоа, денес во негова одбрана застана најскапиот фудбалер на светот Пол Погба преку статус на Твитер.

„Донарума наскоро ќе биде најдобар во светот. Поради тоа заслужува респект од сите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси се подготвува за спектакуларен трансфер – наскоро сè би можело да биде договорено!?

Лионел Меси сè уште нема намера да ја заврши својата фудбалска кариера, иако се чинеше дек…