Дома Фудбал Германија Побуна во Баерн: Ни ги кратат платите, а прават трансфер од 100 милиони

Побуна во Баерн: Ни ги кратат платите, а прават трансфер од 100 милиони

Баерн Минхен е одлучен во намерата да го донесе најталентираниот германски фудбалер, Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

Хаверц со одличните партии го привлече вниманието од најголемите европски клубови, но Баерн е најблиску до неговиот потпис.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Леверкузен за слободата на Хаверц бара 100 милиони евра со што ќе стане најскапиот германски фудбалер во историјата.

Меѓутоа, таков потег не им се допаѓа на фудбалерите на Баерн, пред се на Томас Милер.

„Талентот кој го има Хаверц е неспоред. Имав прилика да го видам во репрезентацијата, тој е најдобар од својата генерација. Сепак, не можам да разберам некои работи. Парадоксално е да платите 100 милиони евра за нов играч, а истовремено да ги кратите платите на другите фудбалери“, истакна Милер.

Баерн како и многу други европски клубови ги намали платите на фудбалерите за време на пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Камерите го забеележаа: Алонсо никогаш не го заборавил Ливерпул, погледнете што направи на „Енфилд“ (Видео)

Реал Мадрид се соочи со пораз на магичниот „Енфилд“ од Ливерпул со резултат 1:0, но темата…