Maкедонските ракометари до 19 години во второто коло ја совладаа Полска со 30:25 и со овој триумф обезбедија пласман во полуфналето од ЕХФ шампионатот кој се игра во Скопје. Во полуфуиналето нашата репрезентација ќе се сретне против подобриот од дуелот Швајцарија – БиХ.
Од почетокот ние поведовме, таа предност во првиот дел стигна до максимални 14:11, но до крајот на полувремето сепак истата се намали на само минус еден 16:15.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Клучен период за победата можеби беше почетокот на првиот дел во кој Македонија во првите пет минути направи серија од 4:0 и поведе со 21:17. Полска се држеше некаде до 45. минута, а тука почнаа да го губат чекорот, па ние дојдовме и до највисоки плус шест, на крајот славевме со пет гола разлика.,
Најефикасен кај нас беше Митев со седум гола, Петковски и Атансијевиќ постигнаа по четири.