Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Шкупи победува и во Кичево, Струга едвај со „пандевци“, Шкендија славеше во Ѓорче

ПМФЛ: Шкупи победува и во Кичево, Струга едвај со „пандевци“, Шкендија славеше во Ѓорче


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Денес се играа натпревари од 17. коло во македонската Прва лига.

Лидерот на табелата Струга Триум тешко дојде до триумф против Академија Пандев со 1:0. Натпреварот беше одлучен со голот на дефанзивецот Дарко Илиески.

Шкупи иако прво имаше негатива со голот на Херера во 24. минута славеше со Брегалница со 3:1. До крајот полувремето чаирчани изедначија со прекрасниот гол на Фреди Алварез, за во второто полувреме Трапановски и Ѓорѓиев да ја крунисаат иницијативата. Ќе потсетиме Шкупи и овој натпревар поради суспензијата како домаќин го игра во Кичево каде што ќе треба да одигра уште четири домашни натпревари.

Тиквеш и Силекс се сретнаа во дуел на четвртиот и петтиот тим на табелата. На крајот гостите од Кратово се радуваа во Кавадарци. Двата гола Силекс ги постигна во последните 20-тина минути од средбата преку Обрадовиќ и Ристовски.

Шкендија предводена од одличниот Дориев со три бода си заминува од Ѓорче каде што славеше со 1:3. Дориев постигна два гола, еден беше дело на Хасани. Почесниот гол за „лавовите“ го постигна Скендери.

Последниот и претпоследниот тим на табелата Скопје и Победа ремизираа 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Кузмановски се сели кај Миркуловски?!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Според информациите …