Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Бајрами и „лавовите“ сакаат изненадување против Шкупи, градско дерби во Тетово!

ПМФЛ: Бајрами и „лавовите“ сакаат изненадување против Шкупи, градско дерби во Тетово!

Денес од 13:00 часот во македонскиот фудбал се играат натпреварите од 13. коло во ПМФЛ.

Најголемо внимание во денешните дуели можеби привлекува средбата во Ѓорче каде што ќе се сретнат домаќинот Македонија Ѓорче Петров и лидерот на табелата Шкупи. „Лавовите“ минатото коло конечно победија после неколкуте разочарувања, славеа над последнопласираниот Пелистер, сепак Шкупи доаѓа со далеку по квалитетен состав од битолчани.

Чаирачни се во супер форма и се издвоија како главен кандидат за титулата, веќе имаат седум бода повеќе од Ренова и Академија Пандев на втората и третата позиција. Оваа средба привлекува и внимание поради Мухарем Бајрами кој во кариерата беше и тренер на Шкупи, а денес ја предводи Македонија Ѓорче Петров. Фаворитската улога секако е на страната на гостите, меѓутоа Бајрами и „лавовите“ сигурно ќе сакаат да врзат некој позитивен резултат.

Шкендија која игра променливо и се наоѓа на петтата позиција ја чека градското дерби со Ренова која е пријатно изненадување сезонава. Шкендија од стартот на сезоната не е на нивото на кое треба да биде и петтото место секако е разочарувачк за тим со такви амбиции, меѓутоа покажаа дека и во ваква форма знаат одиграат по некој добар натпревар.

Ренова одлично започна, но во последните два натпревари немаа победа, пораз од Шкупи и реми со Скопје во минатото коло.

Академија Пандев гостува во Скопје кај Работнички. Пандевци минатата сезона беа во долниот дел на табелата, но сезонава после 13 кола се трети и амбициите се излез во Европа. Работнички минатото коло ја прекина црната серија од три порази, победен беше Борец со 0:1. Ќе видиме денес дали тоа било само добар ден „романтичарите“ или пак најава за пресвртница во формата.

Брегалница заедно со Ренова е најпријаното изненадување и се наоѓаат за нив на високото четврто место, а во дуелот со Скопје влегуваат после дебаклот на Чаир од 5:0. Скопје е 8-ми, но тоа е поради лошите резултати на почетокот, сега се во добра форма и во последните пет дуели не знаат за пораз. Во тие пет натпревари играа и со екипи од горниот дел како Ренова и Академија Пандев.

Во останатите два дуели Пелистер кој е главниот кандидат за преселба во втора лига ќе ја пречека Струга, додека во Кавадарци се игра „дерби на дното“ помеѓу Тиквеш и Борец.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Не стивнува бурата околу Тетекс: Со ваква управа не чека Трета лига или „клуч на врата“!

Не стивнува бурата околу еден од најголемите македонски фудбалски брендови, ФК Тетекс. Нав…