Дома Останати Кошарка НБА Писмото кое Коби и го напиша на кошарката и се прости од неа!

Писмото кое Коби и го напиша на кошарката и се прости од неа!

Од доаѓањето на голема сцена во 1996 година како 13-ти пик на драфтот, Коби веднаш привлече внимание на себе и беше предодреден за големи нешта.

Коби е веројатни некој кој најмногу се приближил на својот идол Мајкл Џордан, а во некои работи дури и го надмина својот идол.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од кошарката офцијално се прости во сезоната 2015/16, а пензијата ја најави со емотивно писмо упатено на спортот кој го направи легенда пред и дефинитивно да замине меѓу легендите.

Драга кошарко,

Од моментот кога почнав од чорапите на татко ми да си правам мали топчиња и да шутирам замислени шутеви за победа во големиот формат, знаев само една работа – се заљубив во тебе. Љубовта е толку длабока па ти дадов се, од мојот ум и тело до мојот дух и душа.

Како шестгодишно момче кое длабоко се заљубило во тебе, никогаш не видов крај на тунелот, се гледав себеси само како трчам низ еден тунел. И така само трчав, трчав само право и поминував бројни пречки низ сите терени, ја бркав секоја загубена топка поради тебе. Бараше од мене енергичност, јас ти го дадов моето срце, бидејќи со него доаѓаат уште многу повеќе.

Играв со многу пот и болка. Не затоа што имав предизвик, туку поради твојот повик. Правев се за тебе, бидејќи тоа го правиш само поради оние кои се чувствуваш живо како што јас се чувствував поради тебе. Му даде на едно шестгодишно момче да го живее својот сон во Лејкерси. И поради тоа секогаш ќе те сакам. Но, не можам опсесивно да те сакам уште долго. Оваа сезона е се што остана во мене. Моете срце може да прими уште удари, мојот ум може да издржи уште напори, но моете тело знае дека е време за збогум.

И тоа е ок. Подготвен сум да те напуштам. Сакам да го знаеш тоа, сакам да го знаеш тоа сега се со цел заедно да уживаме во сите заеднички моменти кои ни преостанаа, и во добри и во лоши. Си дадовме еден на друг се што имавме. И двајцата тоа го знаеме, без оглед што ќе правам понатаму.

Секогаш ќе бидам она момче кое си прави топчиња од чорапите на татка си, со канта ѓубре во ќошот, пет секунди до крајот и со топката во моите раце. 5…4…3…2…1. Засекогаш ќе те сакам.

Твојот верен, Коби”

Ова писмо беше екранизирано во 2018 година во краток анимиран филм, кој потоа беше награден и со Оскар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Анчелоти може да добие отказ и пред крај на сезоната – Перез го избрал наследникот?!

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид не е така сигурна како до пред неколку месеци, а…