Дома Фудбал Лига на шампиони Пирова победа на Интер на „Енфилд“ 🎥

Пирова победа на Интер на „Енфилд“ 🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампионите се играше на „Енфилд“ каде што Ливерпул го пречека Интер.

Првиот натпревар во Италија, Ливерпул го доби со 2:0 и на крајот успеа да ја задржи таа предност иако тоа не им беше лесно. Во првиот дел не видовме многу прилики, по некоја имаше и на двете страни, но мрежите мируваа.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Лаутаро Мартинез во 62. минута постигна еден еврогол и го врати Интер во игра. Сепак, само една минута подоцна Алексис Санчез после еден невнимателен старт заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Од тој момент Ливерпул ја контролираше играта и ја имаше топката во свој посед. Салах немаше среќа да постигне гол и два пати ја погодуваше стативата. На крајот Интер однесе победа која сепак не им беше доволна, па тимот на Клоп продолжува во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Не би било чудно доколку Реал понуди 180 милиони евра за Палмер“

КОЛ ПАЛМЕР (22) помина низ академијата на Манчестер Сити и забележа 41 настап, шест гола и…