Дома Фудбал Италија Пирло во Јувентус има послаб старт и од заборавениот Луиџи Дел Нери

Пирло во Јувентус има послаб старт и од заборавениот Луиџи Дел Нери

Андреа Пирло се соочува со притисок на клупата на Јувентус.

Јувентус играше лошо во дербито против Барселона во Лигата на шампионите, а не блеска ниту во Серија А. Имено, Пирло го има најлошиот старт на клупата на Јувентус откако на чело на клубот е Андреа Ањели.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Андреа Ањели го превзема Јувентус во 2010 година и оттогаш ниту еден тренер немал послаб старт од Пирло.

Во првите шест натпревари Јувентус со Пирло има само две победи, три реми и еден пораз. Забележителна е и слабата ефикасност, во овие натпревари фудбалерите на „старата дама“ постигнаа девет гола, примија четири.

Подобар старт од Пирло има и Луиџи Дел Нери, четири победи, едно реми и еден пораз. Антонио Конте имаше биланс од три победи и три реми. Најдобар е Масимилијано Алегри со ефект од шест победи во првите шест меча, Сари стартуваше со четири победи и две реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ќе „гори“ во Мадрид: Судиска одлука која ептен ќе ги налути „кралевите“ (Видео)

Реал Мадрид синоќа одигра натпревар против Селта во Виго, а сцената од 72. минута ќе ги ра…