Дома Фудбал Италија Пипо Инзаги се враќа во клубот од каде што доби отказ пред еден месец?

Пипо Инзаги се враќа во клубот од каде што доби отказ пред еден месец?

После месец од добивањето на отказ од клубот, Пипо Инзаги би можел да се врати на клупата на Салернитана. Фабио Ливерани се покажа како лош избор, па управата на клубот размислува за враќање на Инзаги.

Инзаги беше поставен како тренер на клубот во почетокот на октомври и во период од четири месеци успеа да запише три победи и четири нерешени резултати. Но, на 11 февруари, Салернитана Инзаги доби отказ и на негово место дојде Ливерани.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со Ливерани на кормилото, тимот од Салерно освои само еден освоен бод во последните пет натпревари, па јасно е зошто неговата позиција не е сигурна. Затоа, клубот сега размислува за повторно враќање на Инзаги.

Салернитана како што стојат работите наредната сезона ќе игра во Серија Б, па во клубот наводно сметаат дека Инзаги може да има доволно време во следните натпревари до крајот на оваа сезона да се подготви и за наредната за експресно враќање во елитата. Во овој момент Салернитана е последна со 11 бода помалку од првиот тим над опасната зона (Емполи).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Три европски гиганти се борат за потписот на Олмо

Манчестер Јунајтед, Барселона и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на …