Дома Фудбал Италија Пиоли добил ултиматум од Милан: Може да го наследни екс-тренерот на Реал Мадрид

Пиоли добил ултиматум од Милан: Може да го наследни екс-тренерот на Реал Мадрид

Екипата на Милан успеа да влезе во победнички ритам во Серија А со што дојде до второто место, сепак тоа може и да не е доволно Стефано Пиоли да остане тренер на „росонерите“ и наредната сезона.

Според последните информации од Италија во Милан размислуваат за тренерска смена, меѓутоа одлуката ќе се носи по четвртфиналето во Лига Европа каде што Милан во првиот натпревар загуби од Рома.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Резултатот по првиот натпревар е 0:1 за „волчицата“, трката со Интер за Скудетото веќе е загубена поради големата предност на „нероаѕурите“. Сепак во Милан сметаат дека Пиоли треба да покаже дека може во вакви тешки моменти да го извлече максимумот.

Meдиумите во Италија овој ултиматум го објаснуваат како доказ дека во Милан се уште немаат целосна доверба во италијанскиот стратег. Како негови наследници се споменуваат Антонио Конте и екс-тренерот на Реал Мадрид, Хулијен Лопетеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не…