Дома Фудбал Останато Пикси: И денес се срамам зошто не шутирав пенал против Звезда

Пикси: И денес се срамам зошто не шутирав пенал против Звезда

Легендарниот Драган Стојковиќ – Пикси една година пред Звезда да стане шампион на Европа направи трансфер во Марсеј, тимот кој беше противник на „неговата“ Звезда во големото финале во Бари.

Пикси откри дека одбил да биде дел од играчите што ќе шутираат во пенал серијата затоа што не бил на теренот од првата минута.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„И денес верувам дека тренерот во последен момент се одлучи да не започнам од првата минута. Знам што се зборуваше на состаноците, „Звезда се плаши од него, ги знае слабите страни во одбраната“…беа дел од зборовите. На крајот после 120 минути тренерот дојде и ми кажа дека ќе бидам на списокот на играчи кои ќе шутираат пенали затоа што сум свеж и одморен. И денес ми е срам од тоа што му го одговорив. Првата реченица не е за во јавност, а другата беше „ти оди сега да шутираш“. Во тој момент немаше нешто што може да ме натера да ја ставам топката на белата точка. Може ќе беше поинаку ако бев на теренот од почетокот“, изјави Пикси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…