Дома Фудбал Репрезентации Пикси ги насмеа новинарите: Што ме прашувате мене за Халанд?!

Пикси ги насмеа новинарите: Што ме прашувате мене за Халанд?!

Репрезентацијата на Србија вчера ја совлада Шведска со 4:1 и така остана во пласман за елитниот дел од Лигата на Нации.

Во последното коло Србите ќе имаат тешка задачата затоа што ќе гостуваат во Осло против Норвешка која е предводена од Ерлинг Халанд. Пикси од новинарите пред оваа средба беше запрашан како ќе го запрат Халанд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Зошто ме прашувате мене? Јас не играм. Ако играв ќе ви одговорев. Морате да ги прашате играчите. Халанд е играч со одлични квалитети и ќе направиме се за да го запреме. Се надевам ќе најдеме начин како да го сториме тоа“, одговори селекторот на Србија.

Засега тој е задоволен од тоа како изгледа неговата репрезентација.

„Ова е фудбалот што сакам да го гледам во нашата репрезентација. Против Норвешка нема да менуваме многу, ќе излеземе на терен со нашата филозофија, па подобриот нека победи“, изјави Пикси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…