Дома Фудбал Пике: Јас во Атлетико? Глупаво и смешно…

Пике: Јас во Атлетико? Глупаво и смешно…

Жерар Пике неодамна реши да ја заврши фудбалската кариера и да ѝ ги прости долговите на Барселона, па така ја воодушеви јавноста и навивачите на каталонскиот гигант.

По повлекувањето на Пике пристигна вест во шпанските медиуми дека дефанзивецот всушност сакал да засили друг гигант, а тоа е Атлетико Мадрид.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„АС“ објави дека Атлетико е заинтересиран за Пике и наводно веќе му понудиле соработка, но Пике веднаш реагираше по шпекулациите и јасно го кажа неговиот став.

„Веќе кажав дека нема да носам друг дрес. Нема смисла да заминам од Барселона и да потпишам за Атлетико. Таа вест е глупава и смешна. Немам никаков проблем со Атлетико или со нивните навивачи, но јас решив да се пензионирам“, изјави Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ќе добие понуда која не се одбива, следува голем потпис!

Карло Анчелоти влегува во златниот период на својата тренерска кариера и се чини дека нема…