Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар против Црна Гора, напаѓачот на македонската репрезентација У-21 Петар Петковски вели дека тој и соиграчите од националниот тим максимално мотивирано ќе влезат на мечот.
– Иако е пријателски натпревар сите сме максимално мотивирани и во петок одиме на победа. Влегуваме без притисок и страв со намера да одиграме најдобро. Уживаме во тренинзите, се надевам дека тој начин на работа ќе го пренесеме и на теренот, истакна фудбалерот на Вардар.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Македонија утре од 14 часот на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе игра со Црна Гора.