Дома Топ вести Перез спрема нови „Галактикоси“: Пристигнуваат Мбапе, Халанд и Погба

Перез спрема нови „Галактикоси“: Пристигнуваат Мбапе, Халанд и Погба

Реал Мадрид до последниот ден од преодниот рок се обидуваше да го донесе Килијан Мбапе, но не можеше да постигне договор со ПСЖ.

Мбапе е цврст во намерата да се пресели во Реал Мадрид и ги одбива сите понуди на ПСЖ за продоложување на соработката, па следното лето ќе биде слободен агент.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе веќе има договор со „кралевите“ и следното лето ќе пристигне на „Сабтиаго Бернабеу“ како слободен агент без обештетување.

Тоа ќе му овозможи на претседателот Флорентино Перез да донесе уште една голема ѕвезда, а прва желба е Ерлинг Халанд.

Реал веќе почна да работи на трансферот на Норвежанецот и е спремен да ги задоволи финансиските барања на фудбалерот и неговиот агент Мино Раиола.

Меѓутоа, тоа не е се. Реал Мадрид работи и на трансферот на Пол Погба, кој исто така следното лето ќе биде слободен агент бидејќи му завршува договорот со Манчестер Јунајтед.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Погба веќе донел одлука и го избрал „Сантиаго Бернабеу“ како негова следна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

По пауза од една година Шкупи се враќа дома!

Стадионот во Чаир е подготовен. Новата трибини на стадионот на Шкупи е целосно завршена, а…