Претседателот на Реал Мадрид во јавноста зборуваше за заминувањето на Серхио Рамос.
Перез појасни дека Рамос добил понуда за продолжување, но декао дговор од другата страна не добил.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Рамос го сакам син. Кога дојде во 2005 година, никогаш претходно не сум бил на прес-конференција на некој играч. Се восхитувам на него, тој ќе остане наша легенда. Секако дека му понудивме договор, а тој имаше рок и не ја прифати понудата. Му кажав дека дека мора да ни одговори во одредениот период“, изјави Рамос.
Не сака Перез да се откаже и од Суперлигата.
„На Суперлигата уште се работи. Не е точно дека има само уште три екипи, сите 12 клуба потпишаа договор, не можат туку така да излезат. Судот веќе и одговори на УЕФА дека не може да не исфрлат од Лигата на шампионите“, тврди Перез.