Дома Фудбал Останато Перез до Тоти: Ти си единствениот играч кој му кажал „НЕ“ на Реал Мадрид

Перез до Тоти: Ти си единствениот играч кој му кажал „НЕ“ на Реал Мадрид

Кога ќе го слушнеме името на Франческо Тоти помислуваме на голема фудбалска кариера, мајсторски голови и асистенции, но и – верност!

Како дете во 1989 започна да игра фудбал, а во 1992 година дебитираше за Рома на која и остана верен до 2017 година кога стави крај на неговата кариера.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тоти одигра 785 натпревари, постигна 307 погодоци и запиша 128 асистенции.

Во текот на неговата кариера многу клубови се обидуваа да го доведат во своите редови, а помеѓу нив беше и Реал Мадрид, но одговорот на Тоти секогаш беше – „НЕ“.

Позната е приказната од времето кога Челзи се обидувал да го доведе во своите редови. Наводно, Абрамович му понудил се на Тоти, но одговорот на Италијанецот бил дека единствениот начин да биде негов играч е да ја купи Рома.

Сепак, најупорен бил Флорентино Перез кој при една прилика го побарал дресот од Италијанецот.

„Вистина е, Реал повеќе пати се обидуваше да ме доведе, но јас секогаш ги одбивав. Кога последен пат играв во Мадрид против Реал ми пријде Флорентино Перез го побара мојот дрес и ми кажа: Ти си единствениот играч кој му кажал „НЕ“ на Реал Мадрид“, откри Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…