Дома Фудбал Англија Пеп се жали: Имам само 13 играчи на располагање

Пеп се жали: Имам само 13 играчи на располагање

Mенаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека во овој момент може да смета на исклучително мал број играчи, па затоа ќе мора да користи и играчи од јуниорскиот погон.

Сити во четвртокот го совлада Бурнемоут во Лига Купот со 2:1. Пеп во тој натпревар на теренот испрати четири играчи од јуниорскиот тим – Лијам Делап, Томас Долја, Тејлор Харвуд-Белис и Адријан Бернабе.

Тие многу брзо би можеле да добијат шанса и во Премиер лигата. Пред се Делап, стрелецот на водечкиот гол.

„Лијам е поинаков тип на напаѓач, силен е и добар во завршницата. Воодушевен сум од неговиот настап. Не треба да заборавиме дека има само 17 години. Со оглед на тоа дека имам само 13 играчи на располагање тој ќе остане со нас. Ќе го користам и во наредните натпревари. Генерално, ќе ми бидат потребни момци од академијата“, истакна Гвардиола.

Сити својот натпревар во Премиер лигата ова коло го игра во недела кога ќе го дочека Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал објави последни снимки од „Бернабеу“ – погледнете како сега изгледа култниот стадион 🎥

Како што модерниот фудбал стана бизнис најбогатите клубови на денешницата се обидуваат сво…