Италијанскиот прволигаш Комо објави интересен трансфер – пристигна Пепе Реина од Виљареал.
Минатата сезона Комо заврши како второпласирана екипа во Серија Б и се пласираше во елитниот ранг на италијанскиот фудбал.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пред Реина во Комо пристигнаа: Алберто Досена, Андреа Белоти, Габриел Стефеза, Матиас Браунодер, Бел Ласин Коне, Марко Курто и Петер Ковачиќ.
Голот на Комо минатата сезона го чуваше Адриан Шемпер, но очигледно дека италијанскиот тим сметал дека е потребно засилување, па се одлучил да го доведе 41-годишниот Реина.
Во кариерата Реина бранеше за: Барселона, Ливерпул, Наполи, Баерн, Милан, Лацио…