Левиот бек на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ, на прес-конференцијата по триумфот над Митјиланд рече дека македонскиот првак треба да биде поагресивен на реваншот во Скопје.
– Нивната голманка одбрани многу топки, а ние имавме доста промашувања. Треба да играме многу поагресивно и подисциплинирано во реваншот. Сега победивме, но треба тоа да се потврди и во Скопје. Токму поради нашите грешки во првото полувреме противникот имаше и предност. Ни требаше време да почнеме добро да играме, но важно победивме. Треба сега да играме уште подобро на реваншот, изјави Андреа Пенезиќ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вардар е на чекор до пласман на завршниот турнири во женската Лига на шампионите по синоќешната победа во Данска со 24:23.
Реваншот со Митјиланд е на 14 април во Скопје.