Парма се врати во Серија и сака таму да остане, тоа го потврдува и со работата во летниот преоден рок.
Најголемиот дел од фудбалските фанови се среќни што тим каков што е Парма се врати во Серија А, а овој клуб денес доведе три засилувања и тоа сите три од Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер одработува одличен преоден рок, па мораа и да се ослободуваат од некои играчи кои тешко дека ќе добијат шанса. Парма од Интер доведе двајца млади и еден искусен играч.
Бјабјани е искусен крилен играч овој 30 годишен фудбалер веќе еднаш го носеше дресот на Парма во период од 2011 до 2015 година. Димарко и Бастони се млади талентирани играчи на кои им е потребно искуство од најсилната италијанска конкуренција.
Бастони има само 19 години и игра на позицијата централен дефанзивецот, додека Димарко има 20 години и игра на позицијата лев бек.
Benvenuti #Biabiany, #Dimarco e #Bastoni! ??
?➡ https://t.co/XS9C6U1hgi#ChinoisiAmo #DifendiamolA pic.twitter.com/EeS6VYnlwY— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) August 7, 2018