Дома Фудбал Еден од најдобрите во светот – Бомба на Барселона или само пуста желба?

Еден од најдобрите во светот – Бомба на Барселона или само пуста желба?

Барселона има големи летни планови, без разлика кој ќе биде новиот претседател, а најголемата желба е – Алесандро Бастони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа вест денес ја објави доверливиот новинар Матео Морето, кој тврди дека Барселона внимателно ја следи ситуацијата со Алесандро Бастони.

“Италијанецот останува една од главните опции за засилување во одбраната. Меѓутоа, се очекува дека неговата цена ќе биде висока. Истовремено, проблем е што е во преговори со Интер за продолжување на договорот. Иако неколку фактори укажуваат дека Бастони ќе остане во Интер, играчот сепак сака јасно да знае дали е во плановите на Барселона пред да донесе конечна одлука”, рече Морето.

Инаку, Бастони има договор со Интер до летото 2028 година, но клубот сака да го обезбеди за уште долги години.

Ако Барселона навистина сака да го доведе, ќе мора да плати најмалку 80.000.000 евра, колку што е проценет на Трансфермаркт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија добива нов гигант: Милијардер на чекор од купување од второлигаш!

Моќниот саудиски бизнисменТурки Алалшикх разгледува можност за купување на англискиот фудб…