Фудбалерите на Пари Сен Жермен на домашен терен го совлада Марсеј со 3:0, но сето тоа остана во сенка поради повредата на Нејмар кој мораше да го напушти теренот.
Нејмар на носилки беше изнесен од теренот после дуелот со еден од фудбалерите на противничкиот тим. После болните гримаси беше јасно дека се работи за потешка повреда и Унаи Емери ќе биде приморан на некое време да пронајде начин да игра без Бразилецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Париз се надеваат дека не е ништо сериозно и дека ќе биде спремен за натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Француските медиуми пренесуваат дека играчот на Марсеј, Димитри Паје, неколку минути претходно му се заканил на Нејмар дека ќе го повреди.
„Кажете му на Нејмар да се смири или јас ќе морам да се погрижам за него“, наводно му се обратил Паје на главниот судија револтиран од честите барања на прекршок од Бразилецот