
Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓
Душан Влаховиќ и Јувентус ќе се сретнат „очи в очи“ во наредните денови, се поради интервјуто на Александар Митровиќ.
Српскиот фудбалер Александар Митровиќ летово замина во Саудиска Арабија и веќе почна со голови да ги оправдува парите што ги вложија во него во Ал Хилал, а се чини дека во иднина би сакал повеќе српски фудбалери да се преселат во овие земја.
Засега таму со него е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, додека Митровиќ во интервју за италијанските медиуми откри дека за Саудиска Арабија се распрашувал и неговиот соиграч од нападот Душан Влаховиќ.
Неговите зборови кренаа голема бура во Јувентус, па клубот од Торино брзо свика состанок со Влаховиќ. Иако се чинеше дека се подготвени да го продадат летово поради финансиски проблеми, Влаховиќ инсистираше да остане и блескаше на стартот од новата сезона со четири гола и сега Јуве не сака ни да слушне за разделба со него.
Италијанскиот новинар Николо Скира, специјалист за фудбалски трансфери, најави дека во наредните денови ќе започнат преговорите меѓу претставниците на Душан Влаховиќ и Јувентус за потенцијално продолжување на соработката.
Тој сега важи за клучен играч на „Старате дама“ и Јувентус сака да го продолжи договорот за една година подолго (до 2028 наместо 2027), со мало зголемување и реструктуирање на платата.
Ќе видиме дали Влаховиќ ќе се согласи со новите услови, бидејќи има доволно време во актуелниот договор да не избрзува со никакви договори.