Репрезентацијата на Бразил вчера резочара и во пријателски натпревар против Панама одигра само 1:1.
Лукас Пакета го постигна првенецот во дресот на Бразил, но преку Мачадо Панама дојде до „историски резултат“, а Панамците дури имаа шанси и да стигнат до победа во Порто над фаворизираните Бразилци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Бразил се очајни поради ваквото издание на нивната репрезентација и поради тоа избраниците на Тите се на мета на критичарите и малку кој во нивната земја им прогледува низ прсти.
https://www.youtube.com/watch?v=Adhse1_rymM
Бразилскиот „Глобоеспорте“ пренесува некои интересни коментари на луѓето од Бразил.
„Го нема оној дух кој ја красеше репрезентацијата и не играат со почит кон овој дрес. Не мислам само за овој натпревар против Панама, се случува кикс, но генерално не сме добри“, гласеше коментарот на еден бразилски државјанин.
„Ваква игра е невозможно да се толерира, никој не сака ваков Бразил ова е кошмар. Мислам дека нема да погрешам ако кажам дека ова е еден од најлошите тимови на Бразил во историјата“, додаде друг.
„Само четворица играчи покажаа нешто, тоа се Касемиро, Артур, Пакета и Ричарлисон. Сите останати беа крајно очајни“, изјави познатиот спортски новинар на „Глобоеспорте“, Галвао Буено.
Ќе потсетиме оваа селекција на Бразил трпеше и голем број на критики за настапот на Светското првенство во Русија.