Дома Топ вести Падна договор: „Новиот Пирло“ пристигнува во Интер

Падна договор: „Новиот Пирло“ пристигнува во Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Бреша постигнале комплетен договор за трансфер на Сандро Тонали на „Џузепе Меаца“.

Тонали важи за еден од најголемите италијански таленти и готово сите големи клубови на Апенините го сакаа во своите редови, но Интер ја доби битката за неговиот потпис.

Интер и Бреша постигнале договор за трансфер вреден 35 милиони евра. Тонали ќе пристигне на едногодишна позајмица за 5 милиони евра, но Интер се обврзува следното лето да го откупи за 30 милиони евра.

Тонали веќе има договор со „нероаѕурите“ и ќе потпише договор до 2024 година според кој ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.

20-годишниот Тонали одигра одлична сезона и во Италија веќе го нарекуваат „новиот Пирло“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лукаку донесе победа за Интер во Германија, конечно победа за Марсеј по 13 порази во ЛШ 🎥

Интересна вечер во Лигата на шампионите е зад нас. Еден од натпреварите со најголемо значе…