Дома Трансфер зона Падна договор: Кеси му останува верен на Милан

Падна договор: Кеси му останува верен на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Франк Кеси се блиску до договор за продолжување на соработиката до 2026 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Минатата сезона се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и постигна 13 гола.

Неговиот договор истекува во 2022 година, па Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси веќе влезе во последната година од договорот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се блиску до договор и дека Кеси ќе стави потпис до 2026 година, а годишно ќе добива 6 милиони евра со вклучени бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…