Дома Македонски спорт Мак ракомет Ојлески пред Татабања: Убаво е кога се победува на гости, нашата форма оди во нагорна линија

Ојлески пред Татабања: Убаво е кога се победува на гости, нашата форма оди во нагорна линија

Минатата недела Еурофарм Пелистер против АЕК во Атина ја забележа првата победа во Европската лига.

Сега пред битолскиот тим е нов предизвик, екипата на Татабања. Пред натпреварот зборуваше ракометарот на Е.Пелистер, Гоце Ојлески.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходните и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме на овој меч. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам сите веруваме во победа“, ијави Ојлески.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…