Дома Фудбал Останато Очајот на Шалке: Петтиот тренер сезонава е анонимус од Грција

Очајот на Шалке: Петтиот тренер сезонава е анонимус од Грција

На Шалке оваа сезона не му оди, тимот игра катастрофална сезона, а колку се очајни доволно зборува податокот дека клубот од Гелзенкирхен го донесе петтиот стратег.

Клубот е на прагот од испаѓање во втората германска лига, до сега во сезоната успеаа да освојат само девет бода. Очигледно ситуацијата е лоша и финансиски кога на клупата седна прилично непознато фудбалско име. Нивни нов тренер ќе биде Димитрос Грамоцис.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој е 42 годишен тренер без поголемо искуство и успеси, роден е во Германија, а има грчко потекло. Како играч настапувал за Кајзерслаутен, Бохум, Келн и грчките Ерготелис, Омонија и Керкира.

Единствени ангажмани како тренер му се во вториот тим на Бохум и кратко во Дартштад.

Ќе потсетиме од клупата Шалке сезонава го водеа Давид Вагнер, Мануел Баум, Хуб Стевенс и Кристијан Грос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо побара, Перез веднаш го исполни: Реал Мадрид постигна усмен договор со совршениот стопер!

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа беа поразени на натпреварот од Лигата на шампионите на Е…