Њукасл денес го потврди трансферот на Набил Бенталеб од Шалке, кој пристигнува на позајмица до крајот на сезоната.
Притоа, Њукасл се обврза да го откупи играчот за врска на лето за сума од 10 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што е интересно е фактот што Алжирецот има одиграно за 12 минути за првиот тим на Шалке во Бундеслигата во изминатите десет месеци. Бенталеб неколку пати беше казнуван поради недисциплина.
Еднаш одби да присуствува на требините за меч на Шалке, вториот пат се степа со соиграч на тренинг, па поради тоа беше исфрлен од тимот да тренира со младинците, а таму одигра вкупно 153 минути целата сезона.
Ова за Бенталеб ќе биде враќање во Премиер лигата, каде во периодот од 2013 до 2017 година го носеше дресот на Тотенхем.
? "I can be tough defensively and can create plays offensively. Whatever the coach wants from me I'm willing to do to help the team."
— Newcastle United FC (@NUFC) January 21, 2020
Nabil Bentaleb on what fans can expect from him in his first interview as a Newcastle United player with #NUFC TV.