Дома Фудбал Лига на шампиони Официјално: УЕФА отвори постапка за Ал Келаифи и Леонардо

Официјално: УЕФА отвори постапка за Ал Келаифи и Леонардо

После поразот од Реал Мадрид спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и првиот човек Насер Ал Келаифи направија вистински скандал во поттрибинскиот простор на „Сантијаго Бернабеу“.

Претседателот на ПСЖ се симнал до соблекувалната на судиите и ги навредувал, а со него во тие моменти бил и спортскиот директор Леонардо. Ал Келаифи дури се заканил на човек од Реал Мадрид кој го снимил неговото однесување. Наводно, газдата на ПСЖ му се обратил со зборовите: Ќе те уб*јам.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


УЕФА денес соопшти дека е отворена постапка против Ал Келаифи и Леонардо, а во наредниот период ќе биде познато со какви казни ќе се соочат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Првиот човек на УЕФА со моќна порака пред мечот меѓу Србија и Албанија

Александар Чеферин, претседателот на европската куќа на фудбалот (УЕФА), се осврна на прет…