Вчера македонскиот ракометен прволигаш Еурофрам Работник ја информираше македонската спортска јавност дека од клубот си заминува тренерот Ѓорѓе Чирковиќ.
Во соопштението стоеше и дека се превземни чекори за пронаоѓање на нов тренер кој ќе биде претставен во најбрз можен рок.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
И навистина беше брзо – веќе денес клубот од Битола го назначи Стевче Алушовски за нов тренер. Алушовски е добро познат на македонската спортска јавност, посебно поради долгите години поминати како член на македонската репрезентација.
Во таборот на Еурофрам очекуваат Алушовски со своето знаење и искуство да им донесе причини за задоволство.