Oна што се очекува во сите национални првенства денес го направија и Германците – продолжена е суспензијата на Бундес лигата.
Прво беше одлучено поради пандемијата од коронавируост фудбал во Германија да не се игра до 3. април, но откако станува извесно дека ситуацијата нема да се подобри таа суспензија е продолжена до крајот на идниот месец.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Значи пред мај нема да ја гледаме ниту Бундес лигата, ниту пониските лиги во Германија, а прашање е дали и до тогаш ќе се стави под контрола пандемијата со коронавирусот.
Се шпекулираше дека првенството може да биде прекинато и титулата да му биде доделена на Баерн, но тоа изгледа нема да се случи.