Вилијам Салиба и официјално стави потпис на нов договор и ја продолжи верноста со Арсенал до 2027 година.
Французинот минатата сезона се етаблираше во еден од најважните играчи во тимот на Артета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според многумина, токму неговата повреда поради која ги пропушти последните 12 натпревари од минатата сезона беше една од причините зошто Арсенал ја загуби битката за титулата.
Арсенал долго време преговараше со неговите агенти, па двете страни конечно најдоа заеднички јазик.
Салиба доби нов договор до 2027 година и значително зголемување на платата.
On est ensemble.
— Arsenal (@Arsenal) July 7, 2023
Wilo stays ❤️ pic.twitter.com/XxsneBf90m