Дома Топ вести Официјално: Рибери уште една сезона во Баерн!

Официјално: Рибери уште една сезона во Баерн!


Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!? ↓↓↓



Ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери го обнови договорот со Баерн Минхен до јуни 2018 година, официјално потврдија од клубот.

Договорот на Рибери истекуваше на крајот на сезоната, а со оглед дека е во поодминати години, Баварците му понудија едногодишен договор.

„Многу сум среќен што ќе можам да играм во Баерн уште една година. Овој одличен клуб и град станаа мој дом, како во фудбалски, така и на личен план“, изјави 33-годишниот Французин.

Тој пристигна во Баерн во 2007 година и до сега забележа 333 натпревари, во кои постигна 108 гола и импресивни 164 асистенции.

Во последните неколку сезони Рибери беше постојано измачуван од повреди, но оваа сезона е стандарден во тимот на Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Њукасл ја купува ѕвездата на Лајпциг

Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!? ↓↓↓ Раководствот…