Додека се очекува разврската за иднината на Кристиано Роналдо, Реал Мадрид е активен на трансфер пазарот и денес го потврди првото засилување за следната сезона.
Станува збор за десниот бек на Реал Сосиедад и шпански репрезентативец, Алваро Одриазола за кого „кралевите“ ќе ја платат откупната клаузула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа го потврди Сосиедад на својата официјална страна, а само неколку минути подоцна и Реал Мадрид го потврди трансферот на Одриазола.
Лопатеги инсистираше на доаѓање на овој фудбалер бидејќи добро ги познава неговите квалитети и тој беше првиот кој го повика во репрезентацијата.
Одриазола ќе му биде конкуренција на Карвахал на десната бековска позиција и замена за младиот Хакими кој се пресели во Борусија Дортмунд.