Дома Фудбал Англија Официјално: Покетино во Тотенхем до 2023 година!

Официјално: Покетино во Тотенхем до 2023 година!

Премиерлигашот Тотенхем денес потврди дека тренерот Маурисио Покетино ставил потпис на нов договор и се обврзал на верност до 2023 година.

Покетино во изминатите две години постигнува одлични резултати со „спарси“ и се етаблираше во еден од најдобрите менаџери во Премиер лигата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


За него сериозен интерес покажаа неколку европски гиганти, меѓу кои ПСЖ и Челзи, но Аргентинецот сепак му остана верен на Тотенхем.

Покетино денес потпиша нов договор и се обврза на верност кон Тотенхем до 2023 година, заедно со својот стручен штаб.

Економските детали од договорот не се познати, но медиумите на Островот тврдат дека добил значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…