Дома Фудбал Италија Официјално: Најомразениот тренер во Италија се врати во Серија А

Официјално: Најомразениот тренер во Италија се врати во Серија А

Oна што беше најавено сега доби и официјална потврда.

Тешко можеби е благ збор, оваа сезона ретко кој му дава шанса на Киево да се спаси. Не поради бодовниот миниус, туку поради квалитетот на тимот, она што го покажаа засега е навистина малку.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поранешниот капитен Д’Ана кој го наследи Марана, сега е сменет после серијата лоши резултати. Киево има две нерешени средби на осум натпревари и бодовно салдо од – 1 бод.

Него ќе го наследи најомразниот човек во Италија човекот кој ќе остане запаметен како некој кој не успеал да ја одведе Италија на Мундијалот во Русија = Џампиеро Вентура.

Вентура е без ангажман откако доби отказ по катастрофалните квалификации за Светското првенство. Сепак, во Верона се наоѓаат дека неговото искуство може да помогне во борбата за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mислев дека ќе ме избркаат од Реал кога го повредив Зидан

Федерико Валверде зборуваше за неговиот фудбалски пат, доаѓањето во Реал Мадрид, прекарот …