Дома Фудбал Италија Банкротираше Киево: „Летечките магариња“ ќе играат аматерски фудбал

Банкротираше Киево: „Летечките магариња“ ќе играат аматерски фудбал

Фудбалскиот клуб Киево Верона прогласи банкрот, а тоа значи дека наредната сезона нема да можат да играат во италијанската Серија Б.

Иако требаше да се најдат помеѓу клубовите кои ќе играат во второто по ранг натпреварувае во Италија тоа нема да биде случај. Финансиските проблеми се причината што на нивно место шанса во Серија Б ќе добие Констанца. Киево ќе се пресели во Серија Д.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Клубот испрати жалба, но не им успеа. Се обидоа да ја докажат својата финансиска стабилност, меѓутоа на крајот ќе мора да се помират со играњето во аматерски ранг.

Слично сценарио и се случи на Парма која сепак успеа по неколку сезони и скала по скала да се враит помеѓу најдобрите.

Киево во минатата сезона се избори за плеј-оф за влез во Серија завршувајќи на осмото место. Пред две децении беа дел од УЕФА купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми пред градското дерби: Гвардиола откри со што се соочува пред мечот против Јунајтед

Пеп Гвардиола вели дека нема добри информации во врска со повредените одбранбени играчи пр…