Дома Фудбал Останато Официјално: Куман нов селектор на Холандија

Официјално: Куман нов селектор на Холандија

Денес Холандија и официјално го промовираше наследникот на Луј Ван Гал и тоа е добро проверено име – Роналд Куман.

За Куман ова е враќање на селекторската позиција на „лалињата“ откако претходно ја водеше оваа репрезентација од 2018 до 2020 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Последниот ангажман искусниот стратег го имаше во 2021 година кога доби отказ во Барселона.

Главната цел на Холандија ќе биде пласман на Европското првенство во Германија во 2024 година.

Според најавите Куман ќе го врати напаѓачкиот стил на игра на Холандија со формацијата 4-3-3.

„Сакаме да ја вратиме формацијата 4-3-3. Морам да покажам дека можам да имам успех. Првиот чекор ќе бидат квалификациите за Европското првенство“, изјави Куман на претставувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mислел дека некој се шегува со него: Пикадо шампионот Лук Литлер избран за нејсексапиилен маж во Англија!

Британската ѕвезда во пикадо, Лук Литлер, познат по својот извонреден талент, духовитост и…