
Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓
Интер минатата сезона не успеа да ја одбрани титулата шампион на Италија, а за најголем трагичар беше прогласен романскиот голман Раду.




Раду во финишот од сезоната бранеше на мечот помеѓу Болоња и Интер и во финишот од натпреварот при резултат 1:1 направо неверојатна грешка и прими гол кој на Болоња и донесе победа.




Интер во тој натпревар остана без клучни бодови во борбата затитулата и до крајот на сезоната не успеа да ги надполни. Така Скудетото на крајот заврши кај градскиот ривал Милан. Сега Раду и официјално е испратен на позајмица.




Овој 25-годишен голман наредната сезона ќе брани во Кремонесе кој неодамна успеа да се избори за пласман во Серија А и Раду се очекува да им биде прв голман.




