Младиот италијански фудбалер Николо Заниоло минатата сезона ги воодушеви сите со своите настапи во дресот на Рома.
Заниоло во Рома пристигна минатото лето како дел од трансфер на Раџа Наинголан во Интер. Иако од него не се очекуваше, тој доби шанса и истата ја искористи на најдобар начин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 20 годишен фудбалер зад себе има одлична сезона во кој го привлече интересот на повеќе клубови. Се шпекулираше дека ќе се пресели во Јувентус, но на крајот одлучи да остане во Рома.
Заниоло ја прифати понудата на римскиот клуб и потпиша нов договор. Според новиот договор тој ќе остане член на Рома до 2020 година.
„Пред една година беше лесна одлука да дојдам во Рома, а сега уште полесно ми е да потпишам нов договор. Се заљубив во овој клуб и град. Сакам да му се заблагодарам на клубот што ми даде шанса да се докажам на теренот“, изјави Заниоло.